KAM MARKET
КАМ – дел од спортскиот дух на Wizz Air Скопски маратон 2025
На 5 октомври, улиците на Скопје пулсираа во ритамот на спортот, енергијата и заедништвото што го носи Wizz Air Скопски маратон. 🏃♀️🏃❣️
КАМ со особена чест и оваа година беше сребрен спонзор на маратонот, продолжувајќи ја својата поддршка на спортските настани и здравиот начин на живот. 🙌
Тимот на КАМ активно учествуваше во трката, носејќи ја препознатливата енергија и црвената боја која стана симбол на истрајност и мотивација. 💪
Штандот на КАМ ја надополни спортската атмосфера, создавајќи чувство на поддршка и заедништво.
Ова учество за нас годинава има посебно значење – одбележуваме 30 години постоење, три децении исполнети со први нешта, посветеност и доверба.
Ќе продолжиме да ги поддржуваме настаните што инспирираат и поттикнуваат здрав, активен и исполнет живот.
Заедно до целта! ❤️
#КАМТИМ #30годиниКАМ #WizzAirSkopjeMarathon
